Мажот, наводно, се обидувал да избегне плаќање данок на злато од 18 проценти. Додека чудната прошетка не е незаконска, транспортот на злато од Дубаи до Индија без да платите данок од 18 проценти, секако е.
За жал за еден патник во авиокомпанијата, вработените ја забележале неговата необична прошетка на индискиот меѓународен аеродром Канур – и во неговиот задник пронашле 1 кг злато.
Tие откриле 972 грама сплескани парчиња злато во вкупна вредност од околу 60.000 американски долари во неговиот ректум. Друг патник на истиот лет бил фатен со скоро двојно повеќе, иако не е јасно дали поминале низ слични методи на прикривање.
Додека аеродромските власти сигурно погодилe џекпот, шверцот со скапоцен и многу посакуван метал е прилично чест кај патниците од арапските земји до Индија.
Патниците доволно очајни да ја испробаат својата среќа обично користат кутии со чоколади или скриени џебови во чанти за да го сокријат металот. Повеќе снаодливи шверцери одделуваат пенкала или чадори за потемелно да го сокријат своето злато, додека во овој случај патникот јасно бил од поамбициозна природа.
Данокот на злато во Индија има за цел да ја ограничи финансиската моќ на разни илегални мрежи кои работат во земјата. Криумчарењето на профитабилен метал се чини дека е ефикасен начин за зголемување на маргините на профит.
Само еден ден подоцна, царинските службеници , во истиот регион на Индија, фатиле човек кој пристигнувал од Обединетите Арапски Емирати со долна облека со златна обвивка, а пред неколку месеци, царинските службеници во Керала заплениле 30 кг злато во вредност од неверојатни 1,9 милиони долари. Скриени во цилиндрични брави, властите сфатиле колку софистициран и експанзивен станал овој вид шверц.
На крајот на краиштата, без разлика дали е скриен во чадор или е ставен во нечиј ректум, преваленцата на шверц на злато укажува на поголеми проблеми.