Братот на девојката донор: Нашата половина отиде, нека живеат други луѓе благодарение на Верче

Бевме три деца, сега останавме две… Јас сум најстариот брат, Верче и другата сестричка се помалите. Тешко ни е, претешко, но сакавме во овие моменти да помогнеме, да се спасат што е можно повеќе животи – вака во телефонски разговор за ,,Фокус” раскажува Мартин Белчовски, брат на 20-годишната Верче од Берово, чии органи семејството ги донираше.

Страшната несреќа во која настрадала Верче се случила на 7-ми април. Паднала во кома и оттогаш не се разбудила. Тој изјави дека семејството не се двоумело за донирање на нејзините органи. „Нашата половина отиде, нека живеат други луѓе благодарение на Верче, таа би го сакала тоа. Размислуваме, доколку ситуацијата беше спротивна, доколку на Верче некој требаше да и донира орган, како нам би ни било.

- Advertisement -

Затоа и го направивме овој гест, мора да се подигне свеста кога е донирањето на органи во прашање… Секој да се стави во кожа на оној, кому му е потребна помош. Не знаеме што носи животот, мора да останеме луѓе, да имаме сочувство за секого – вели Белчовски за „Фокус“.

Нејзиното срце од утринава чука во градите на 27-годишно момче по извршената трансплантација. Тоа е втора трансплантација на срце извршена во земјава.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!