Битолчанецот Дејан Трајковски често на социјалните мрежи споделува видеа од својата баба Мара.




Она со што изненади последно беше ироденденското изненадување за баба Мара.
Таа годинава наполни 90 години, а нејзините внуци се здружија и одлучија да ја изненадат.
Целата куќа ја украсиле со балони и роденденски детали.
„Фала Богу уште сум здрава, права. Да беа децата тука ќе бев уште порадосна.“ – вели баба Мара во видеото објавено на Црно-бело, со чашка црвено вино во рака.