Голем пресврт кај руската вакцина, можно е да се продолжи периодот помеѓу две дози на „Спутник“

Директорот на Рускиот истражувачки центар „Гамалеја“, Александар Гинтбург, изрази верување дека е можно да се продолжи периодот помеѓу две дози на руската вакцина „Спутник V“ од 21 ден на три месеци, објавено е на веб-страницата на руската вакцина.

Тој рече дека продолжувањето на интервалот помеѓу приемот на две дози на вакцината против ковид-19 нема да влијае на имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината, но во некои случаи ќе го зајакне и продолжи.

- Advertisement -

Гинтбург вели дека овој заклучок произлегува од искуството од употребата на вакцини кои користат идентична аденовирус платформа и што е најважно, од успешните кампањи за масовна вакцинација во Русија и бројни други земји.

– Како центар што ја разви вакцината, ние исто така ги поддржуваме претходните најави за продолжување на интервалот помеѓу двете дози, кои беа презентирани од реномирани регулаторни агенции како АНМАТ од Аргентина – се посочува во изјавата на Гинтбург.

Во име на институтот, Гинтбург изрази верување дека одлуката значително ќе ја забрза имунизацијата, имајќи ја предвид големата побарувачка кај граѓаните кога станува збор за руската вакцина.

- Advertisement -

– Сметаме дека секоја државна регулаторна агенција треба сама да одлучи дали ќе го задржи постојниот интервал од 21 ден помеѓу приемот на две дози на вакцината или ќе го продолжи до три месеци – додаде Гинтбург.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!