Даниловски: Преку викенд да има целосно затворање, да работат само аптеките и продавниците за храна

Во своето гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, епидемиологот Драган Даниловски смета дека кафеаните, обложувалниците и автобусите се најголеми жаришта на коронавирусот моментално.

– Преполни се кафеаните, обложувалниците, автобусите. Тоа се жариштата. Огромна среќа во целата несреќа е што колективниот имунитет е некаде околу 45-46 проценти и вирусот потешко наоѓа жртви, вели Даниловски.

Според него, треба да се спроведат комплетни затворања за викенд.

– Тоа треба да биде 24/7, а да работат само продавниците за храна и аптеките. Едноставно да се задржи здивот.

Тоа не мора да биде на цела територија, туку само на оние подрачја каде што трендот е најголем, смета Даниловски.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!