Денес е голем празник, овој светец се празнува на денешен ден

Од племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец.

Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Језекиј. Ги изобличуваше пороците на својот народ и лажните пророци кои пророкуваа „за вино и жесток пијалок“.

Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажа и пропаста на Јерусалим, која ќе дојде затоа што поглаварите негови ќе земаат мито, свештениците ќе учат за плата, а неговите пророци ќе гатаат за пари. „Затоа, заради вас, Сион ќе се преора како нива и Јерусалим ќе стане како купиште.“

Но, од сите негови пророштва најважно е пророштвото за Месијата, особено за местото на Неговото раѓање. Тој го именуваше Витлеем како место на раѓање на Месијата, на Кого исходот му е од почетокот, од вечните времиња. Не се знае точно дали и овој пророк беше убиен од Евреите или умре со мирна смрт (Јеремија 26, 18-19).

Но се знае дека беше погребан во неговото родно село и дека моштите му ги пронајдоа заедно со моштите на Пророкот Авакум, во времето на царот Теодосиј Велики, според некое таинствено откровение што го имал Елевтерополскиот епископ Зевин.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!