Денес е голем празник Свети Константин и Елена

ВЕРНИЦИТЕ ДЕНЕСКА ПРОСЛАВУВААТ ГОЛЕМ ПРАЗНИК! Моштите на овој светител се чудотворни и денес задолжително изговорете ја оваа молитва

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го празнуваат Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски. Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство...

Бог секогаш има план за Вас: Кога работите не Ви идат од рака, треба да се сетите на ова!

Кога работите не одат како што сакате, секогаш знајте дека Господ има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде големи подароци! Еднаш...

Зошто ни се остварува желбата кога тоа најмалку го очекуваме: Бог секогаш сè прави со намера!

Многу ослободувачко искуство е кога можеш да живееш живот со став, без очекувања. Кога имате очекувања, имате однапред замислени идеи за тоа какви треба да...

ПРИКАЗНА ЗА ЖЕНА КОЈА НЕ МОЖЕШЕ ДА ЗАПАЛИ СВЕЌА – ДАЛИ МОЛИТВИТЕ ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ: На сите ќе донесе 3 важни лекции за животот!

Кога веруваме дека ќе биде добро, навистина ќе биде така – приказна која носи важни животни лекции! За молитвата, верата и исполнувањето на желбите… Понекогаш...

ФОТО: Денес има 62 година и работи како секретарка- Како изгледа Пипи Долгиот Чорап која од 8 годишна возраст стана ТВ икона

Актерката Ингер Нилсон ја глумеше позната Пипи Долгиот Чорап и истоимениот филм и серија, кои беа емитувани во 1969 и 1970 година. Легендарната приказна за...

Значење на името е нејасно, според една теорија значи „светла“ и произлегува од зборот ἑλάνη што значи „факел“, а според друга произлегува од зборот σελήνη – месечина.

“Константин се смета за првиот христијански римски император. Преданието раскажува дека неговата мајка – царица Елена, оди на аџилак во местата каде што живеел Христос, изградила неколку манастири и го открива крстот на кој бил распнат Исус.”

За Константин и Елена:
Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците.

Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската.

Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол.

Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот.

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја.

Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.

Во нивна чест во центарот на Скопје бил изграден храм во периодот пред и по Првата светска војна, осветен во 1926 година. Меѓутоа, поради земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле до толку сериозни за да биде срушена, но на почетокот на 1970-тите години храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.

Првобитно, возобновувањето на храмот требало да се направи на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Но, после бурните реакции и несогласувања на муслиманите и атеистите, локацијата била преместена непосредно до Домот на АРМ, недалеку од автентичното место на скопскиот плоштад.

Осветувањето на темелите било извршено на 11 ноември 2012 година од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот:

„Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.

АКТУЕЛНО

Се појави новата баба Ванѓа на Балканот – кај Марина се чека по три дена за сеанса

Илјадници луѓе од цел Балкан секојдневно пристигнуваат во селото Мијајлица кај Бојник, недалеку од Лесковац, со надеж дека ќе ги прегледа извесна Марина, за...

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот…Ниту една земја на светот...

Германски нобеловец го запрепасти светот: Ракот се добива од овие две намирници

Истражувањата довело до заклучок дека две намирници можат да имаат значително влијание врз создавањето на канцерогени материи во човечкото тело. Германскиот научник и добитник на...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЕРНИЦИТЕ ДЕНЕСКА ПРОСЛАВУВААТ ГОЛЕМ ПРАЗНИК! Моштите на овој светител се чудотворни и денес задолжително изговорете ја оваа молитва

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го празнуваат Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски. Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство...

Бог секогаш има план за Вас: Кога работите не Ви идат од рака, треба да се сетите на ова!

Кога работите не одат како што сакате, секогаш знајте дека Господ има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде големи подароци! Еднаш...

Зошто ни се остварува желбата кога тоа најмалку го очекуваме: Бог секогаш сè прави со намера!

Многу ослободувачко искуство е кога можеш да живееш живот со став, без очекувања. Кога имате очекувања, имате однапред замислени идеи за тоа какви треба да...
error: Содржината е заклучена!