Пронајдовме древен ритуал што може да ви помогне во таа намера. Тој, всушност, претставува техника на манифестација и нè учи како со позитивни и правилни мисли да добиеме сè што ќе посакаме.
Сè што треба да направите е пред спиење, на хартија да го напишете она што сакате да го привлечете во својот живот и да го ставите тоа под перница. Сè додека не потонете во сон, размислувајте за вашата желба, замислувајте како би се чувствувале кога таа желба би ви се остварила.
Оваа техника на манифестација најдобро функционира ако останете фокусирани само на вашата желба. Смирете го вашиот ум ако почне да талка додека фантазирате. Доколку почнете да ги сонувате вашите желби, тоа е знак дека привлекувањето функционира.
За сè во животот треба време, така што треба да бидете трпеливи. Не постојат алатки за манифестирање, освен вашиот ум и одлучност. Оваа техника, ако малку подобро размислите, не е никакво волшебно стапче, ниту нешто слично.
Оваа техника нè тера да ги сосредоточиме мислите на она што го сакаме и она што моментално ни е приоритет. Кога мислите ни се фокусирани на желбата и целта, несвесно правиме сè за да дојдеме до нејзино остварување, па затоа оваа техника е толку делотворна.