Д-р Мехмедовиќ: Ни претстои тешка есен и зима со коронавирусот, состојбата ќе ескалира поради неодговорноста на политичарите

Статистиките на здравствените власти покажуваат дека бројот на новозаболени како последица од коронавирусот е намален, но не е иста ситуацијата со починатите од опасниот вирус.

Доктор Злате Мехмедовиќ, во изјава за „21ТВ“ изјави дека намалувањето на дневните температури, но и собирите на отворено ќе влијаат негативно на целата епидемиолошка состојба. „Не очекува тешка есен и зима, бидејќи делта сојот е попренослив и повирулентен“- рече д-р Мехмедовиќ.

- Advertisement -

Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!