Рестораните и кафулињата треба да се затворат за да се спречи ширењето на вирусот, смета микробиологот Александар Пановски. Сепак за главна причина за брзото ширење и зголемениот број на заразени ја смета мутацијата на вирусот, односно британскиот сој.
„Гледаме што се случува во рестораните, кафулињата. Мерките треба да се заострат кога имате толкав број на смртни случаи на ден, пак отиде преку 20, меѓутоа кога не се заострија на есен, не гледам дека сега ќе се заострат кога имаме и по 40 смртни случаи. Од економски причини не се заоаструваат.
Инаку додека работат рестораните внатре нема никаква логика за некакви други мерки. Секоја друга мерка ќе ги иритира граѓаните и затворените кафеани“, кажа Пановски во интервју за Канал 5. Тој препорача во затворен простор да се носат по две заштитни маски.
„Добро би било кога ќе се стопли времето да работат само терасите. Навистина да се почитуваат мерките. Дистанцата да биде поголема од 2 метра и да се заборават платнени маски, шалови, треба да се носат минимум по две маски во затворен простор. Државата треба да даде маски.
Најдобри се Н95 во комбинација со хируршка маска, таму каде што навистина има гужва, каде што не смее да се избегне во затворен простор“, истакна докторот.