Д-р Чадиковски: Протестирајте пред ковид болниците, може ќе ги убедите болните дека не се болни

Зошто протести пред Влада и Собрание, посоодветно е пред болниците со болни од ковид, може ќе ги убедат дека не се болни, напиша д-р Владимир Чадиковски на Твитер, како реакција на денешниот протест против новите ковид-мерки и вакцините против ковид-19.

– Огромна поддршка за сите колеги кои се бориме против овој вирус, кој ни го промени животот! Разбирам и поддржувам став, мислење, но ова е срамота, стои во објавата на д-р Чадиковски.


За протестот се огласи и Филипче: Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот.

Ако порано за бенефитот од вакцините слушавме само од вестите од светот или читавме во медицински студии, денеска веќе можеме да го потврдиме, со она што се случува кај нас. Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините.

Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни. Преку 1.000.000 дадени дози кај нас, без посериозни компликации или несакани ефекти кај ниту еден граѓанин, се непобитен доказ за нивната безбедност. И покрај овие цврсти аргументи про вакцинацијата, таа останува доброволна. Секој кој се обидува да прикаже дека се врши наводна присилна вакцинација ја манипулира јавноста.

Никој не е присилен на ништо, обврска на државата е да го штити јавното здравје и да носи мерки. Јас разбирам дека сѐ уште има страв и двоумење кај одреден дел од граѓаните и тоа воопшто не е за осуда. Покрај заштита на здравјето, наша должност како Влада е да ги информираме граѓаните за придобивките од вакцинацијата и тоа ќе продолжиме да го правиме.

Би сакал да им се обратам на оние кои сѐ уште се двоумат или одбиваат да се вакцинираат. Верувајте им на стручните лица и вашите доктори, но и на вашите блиски кои имале искуство со Ковид 19. Заболувањето носи голем ризик, а вакцините го намалуваат тој ризик и до 20 пати. Разговарајте со луѓе кои за жал вирусот го поминале тешко, нека ви го раскажат искуството. Разговарајте со неколку доктори, медицински сестри во болницата каде живеете, нека ви споделат неколку приказни од нивното работно секојдневие.

Вакцинацијата е единствен начин да се вратиме во нормала. Ги гледам англиските фудбалски мечеви кои оваа сезона се играат пред полни трибини исто како пред пандемијата. Тоа е така затоа што процентот на вакцинирани граѓани во Велика Британија е многу висок. Иако таму има висок број заразени, многу малку се хоспитализирани и тоа е целата поента на вакцинацијата. Колективниот имунитет ќе ја намали опасноста од преполнување на болниците и ризикот од тешка форма на болеста.

Со тоа, ние ќе се вратиме во нормала. На многу места во Европа веќе е секојдневие да се бара ковид серитификат за влез на различни масовни настани или во угостителски објекти. Тоа никој не го смета за дискриминација, туку одговорност и заштита на јавното здравје. Верувам дека никој не сака, ова да трае вечно. Иако новите соеви носат неизвесност, сепак искуствата од земјите каде има висок процент на вакцинирани лица потврдува дека вакцините се ефикасни и за новите соеви.

Друго оружје против вирусот немаме и силно верувам дека сите ова ќе го разберат што поскоро, за да можеме да ја вратиме слободата и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските.

Последни објави

Не верувала во вакцини, па починала од коронавирусот- Американката имала последна желба

Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби својот сопруг, таа...

Млекото на вакцинираните мајки може да ги заштити бебињата од коронавирус

Млекото на мајките кои примиле две дози вакцина против коронавирус би можело да содржи антитела кои ќе го заштитат...

Трик за најбрзо лупење на печени пиперки – лушпата паѓа за секунда

Постои супер трик за лесно лупење на пиперките за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките кои се печени,...

Ставете го ова кај вратите и прозорите – смрдливките повеќе нема да се доближат до вашиот дом

При првите ладни денови, смрдливките се во потрага по топли и суви места каде што можат да се засолнат,...
- Advertisement -

Во водата за бришење подови додадете 1 лажица од овој зачин – подовите ќе блескаат

Чистите и испрани подови не се само најдобриот начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да...

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, туку од Бога. Тој може да ја реши!

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, таа зваиси од Бпга “Мојот Бог во Исус Христос ќе ја иполни...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!