Емотивна порака на Ковид пациентка која го расплака Балканот: Драга сестро Ива…

Понекогаш многу малку треба да направите за некој да се чувствува убаво. Она кое вреди повеќе од сите богатства на светот е искрениот збор – особено за оние кои непрекинато и неуморно се грижеле за вас во најтешките моменти.

Таков е примерот на неуморните медицински работници кои повеќе од една година ги лекуваат лицата заболени од Ковид-19.

- Advertisement -

А примерот кој деновиве го обедини Балканот е медицинската сестра Ива од Белград. Впрочем, еден нејзин работен ден започнал со емотивна порака која ја добила од нејзина поранешна пациентка.

Емотивното писмо кое пациентката и го посветила на Ива, на Твитер го споделила нејзината другарка. Таа во разговар за “Блиц.рс” открива дека Ива е вработена како медицинска сестра во Клиничкиот Центар Србија, но дежурствата ги поминува во Ковид болницата во Батајница.

А грижата и вниманието кое таа им го посветува на пациентите било повод за една нејзина пациентка да и посвети емотивни зборови при отписот од болницата.

- Advertisement -

„Почитувана Ива, сакам да ви се заблагодарам за хуманоста и грижата со која ме чувавте на интензивниот оддел во Ковид болницата.

Благодарение на вашата професионалност како и на професионалноста на персоналот успеав да преживеам. Само кога вие бевте на смена јас се ослемував да спијам и да се опуштам. Бескрајно сум ви благодарна, напишала пациентката.

Денес, кога бројките на заразени и починати рапидно растат, ваквите гестови на лицата кои го победија вирусот можат само да им дадат дополнителна сила и мотивација на медицинските работници кои неуморно и цела година се борат на фронтот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!