Запрепастувачка израелска студија за делта сојот: Природниот имунитет подобро штити од две дози вакцина

Природниот имунитет кој се развива по инфекцијата на коронавирусот нуди значително подобра заштита од делта варијантата на коронавирусот од две дози на вакцината „Фајзер“, покажало едно израелско истражување. Студијата анализирала податоци од израелската здравствена служба Макаби, а ја спровеле истражувачи од Макави и Универзитетот во Тел Авив.

Според магазинот „Science“, студијата открила дека „никогаш заразените луѓе со коронавирус кои биле вакцинирани во јануари и февруари во месец јуни и јули и првата половина од месец август имале шест до тринаесет пати поголема веројатност да се заразат отколку невакцинираните луѓе кои претходно биле заразени со коронавирусот.

Значи, ризикот од развојот на симптоматски Ковид-19 бил 27 пати повисок кај вакцинираните, а ризикот од хоспитализација осум пати поголем, пренесува „Israelnationalnews“.

„Оваа анализа покажува дека природниот имунитет дава долготрајна и помоќна заштита од инфекцијата, симптоматски болести и хоспиталицазија поради делта варијантата на Ковид-19, во споредба со имунизацијата со две дози на вакцината Фајзер“, напишале авторите на студијата.

Меѓутоа, тие додале и дека некои поединци кои претходно биле заразени со Ковид-19 и примиле една доза од вакцината Фајзер стекнале дополнителна заштита од делта варијантата на Ковид-19. „Долготрајната заштита која ја дава третата доза неодамна примена во Израел сè уште е непозната“, заклучиле авторите на студијата.

Последни објави

Не верувала во вакцини, па починала од коронавирусот- Американката имала последна желба

Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби својот сопруг, таа...

Млекото на вакцинираните мајки може да ги заштити бебињата од коронавирус

Млекото на мајките кои примиле две дози вакцина против коронавирус би можело да содржи антитела кои ќе го заштитат...

Трик за најбрзо лупење на печени пиперки – лушпата паѓа за секунда

Постои супер трик за лесно лупење на пиперките за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките кои се печени,...

Ставете го ова кај вратите и прозорите – смрдливките повеќе нема да се доближат до вашиот дом

При првите ладни денови, смрдливките се во потрага по топли и суви места каде што можат да се засолнат,...
- Advertisement -

Во водата за бришење подови додадете 1 лажица од овој зачин – подовите ќе блескаат

Чистите и испрани подови не се само најдобриот начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да...

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, туку од Бога. Тој може да ја реши!

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, таа зваиси од Бпга “Мојот Бог во Исус Христос ќе ја иполни...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!