Клиниката „Жан Митрев“ ги намалува цените: Наместо 12.000 евра, лекувањето од ковид-19 ќе чини 6.000 евра

Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега, за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра, соопштија од Клиниката „Жан Митрев“. Намалување во цената има и во хемофилтрацијата, објаснуваат од болницата.

Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска ги намалува цените за лекување на пациенти болни од ковид-19, па како што наведуваат оттаму, наместо 12.000 евра, пациентите кои отсега ќе се лекуваат 10 дена на полуинтензивна нега ќе платат 6.000 евра, додека, пак, оние кои се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции ќе платат 8.000 евра.

- Advertisement -

„Согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да излеземе во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, би сакале да ве известиме дека почнувајќи од денеска 08.04.2021 година, Клиничката болница Жан Митрев одлучи да овозможи пакети за лекување ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, а од сега, за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6.000 евра.

За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8.000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4.000 евра, сега со намалување од 10 отсто ќе чини 3.600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот.

Имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во нашиот ковид-центар одобруваме 50 отсто намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови“, се вели во соопштението. Таму е наведено и дека капацитетите на болницата во континуитет се полни и дека има листа на чекање.

- Advertisement -

„Во моментов се хоспитализирани околу 100 тешко болни пациенти од кои 40 на респираторна поддршка. За негата на овие пациенти се грижи комплетниот лекарски тим кој како и сите здравствени работници во државава е веќе преморен. Во процесот на нега во нашата болница се вклучени и дел волонтери од немедицинскиот персонал, со цел да им помогнат на своите колеги.

Сепак, за да помогнеме секаде каде што е потребно и можеме, еден од нашите лекари ќе биде прераспределен согласно барањата на Министерот за здравство. Оваа прилика ја користиме за да апелираме до пошироката јавност и да ги повикаме сите оние кои се чувствуваат способни да помогнат и би сакале да волонтираат, да се пријават.

Ќе бидат соодветно едуцирани и вклучени во нашите процеси. Искрено се надеваме дека наскоро на пандемијата ќе и дојде крајот, а во меѓувреме потребно е сите да останеме максимално дисциплинирани, посветени и да се вложиме како поединцни во справувањето со последиците за доброто на сите“, наведено е во соопштението.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!