Короната „збриша“ цело семејство антиваксери, непријатните вести се нижеа една по друга за нивниот син

Френцис Гонкавлс минатиот месец остана без своите родители, таткото Базил (73), мајката Чарманија (65) и братот Шаул кои починаа од ковид, откако под влијание на антиваксери одбиле да се вакцинираат.

Тој ја раскажа својата потресна приказна со надеж дека и други луѓе нема да потпаднат под пропагандата на антиваксерите и ќе прифатат да се вакцинираат за да ги спасат животите на своите најблиски. „Моите паднаа во замка на голема пропаганда против вакцинацијата.

- Advertisement -

Тие ги бркаат луѓето кои се плашат од вакцините и ги тераат да паднат во нивната замка“ раскажува тој за Дејли мејл. Френцис додава дека е несфатливо некој да верува во приказната дека владата со вакцинацијата сака да повреди некого.

-Зошто владата би сакала да ве повреди со давање вакцина? Која е целта на тоа? Разговарав со толку луѓе кои се плашат од вакцината која спасува животи“, вели тој.

Френцис раскажува дека неговата мајка имала здравствени проблеми, а таткото неодамна бил во болница поради проблеми со камења во бубрезите. Тој додава дека бил шокиран од смртта на својот брат кој го опишува како „најздрав човек“ кого го познава.

- Advertisement -

Од оваа временска дистанца, Френцис верува дека вакцината барем на неговиот брат би му го спасила животот. Агонијата во семејството почнала на 8 јули додека неговите родители биле кај неговиот брат Шаул кој во стан во Португалија живеел со својата девојка, додека Френцис единствен живеел во Велика Британија.

Два дена подоцна сите четворица почнале да се чувствуваат лошо, а Шаул се тестирал од ковид и добил позитивен тест. Тоа попладне во болница завршиле и неговите родители. Френцис во тоа време не можел да допатува од Британија кога дознал за хоспитализацијата на родителите, а веќе на 14 јули неговиот татко бил примен на одделението за интензивна нега.

Синот не можел да допатува до Португалија и само се слушнал со братот но не добил никакви информации за таткото. Френцис дознал дека и здравствената состојба на братот во меѓувреме се слошила и заврши во болница. Веќе на 18 јули добил информација од болницата дека му починал братот и додека преку адвокатот во Португалија се средувал документите за погребот, ја добил и втората лоша вест, починал неговиот татко.

- Advertisement -

Веќе на 24 јули ја добил и третата ужасна вест од болницата дека и неговата мајка која претходно била во критична состојба починала. На 1. август сите тројца членови на неговото семејство се погребани еден до друг на гробиштата во Лисабон, каде се погребуваат жртвите од ковид. На гробиштата му рекле дека никогаш не погребале тројца заедно членови на исто семејство.

Францис побарал ексхумација и преместување на своите блиски во друга гробница но не му било дозволено. Четириленото семејство поголем дел од животот го поминале во Јужна Африка од каде поради насилството во регионот во 2015 година се преселиле во Кардиф.

Година дена подоцна неговите родители и братот се преселиле во Португалија, од каде е по потекло неговиот татко.

Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!