Ловорот е општо познат како зачин типичен за медитеранската клима. Ловоровите лисја, биле користени во народната медицина уште од старо римско време. Важел за одличен природен лек, особено во текот на зимата кога луѓето почесто имаат проблеми со кашлица…
Чајот од сушен ловоров лист е еден од наједноставните и најефикасните природни препарати за олеснување на респираторните проблеми. А освен чај, може да приготвите и лековит сируп од ловоров лист и шеќер.
Друга опција е да се користи есенцијално масло од ловор. Измешајте неколку капки од ова есенцијално масло со кое било растително масло и потоа истријте го на градите. Ова ќе ви помогне за брзо опуштање на дишните патишта.
Сличен ефект може да се постигне со подготовка на посилен ловоров чај, кој може дополнително да го користите за ставање облоги. Натопете чиста крпа во чајот, исцедете ја и ставете ја на градите. А можете во топла вода да додадете есенцијално масло од ловор и да го користите за инхалација.
Чајот од ловоров лист може да ви помогне и доколку имате било какви дигестивни проблеми. Ловорот многу успешно ќе го смири вашиот вознемирен стомак, а се користи и за ублажување на симптомите поврзани со целијачна болест.
Меѓу другото, ловорот може да помогне и за детоксикација на организмот, и се смета за одличен природен диуретик. Дури и ако не сакате да користите специјални лековити препарати врз база на ловор, дефинитивно се препорачува да вклучите ловор во што е можно повеќе јадења, не само за подобрување на вкусот, туку и поради низата лековити ефекти кои може да ги добиете од него.
Ловоровиот лист може многу добро да им се најде на сите оние кои имаат проблеми со косата. Се вели дека чајот од овие лисја е особено ефикасен во отстранување на првутот, а супстанциите што ги содржи ловорот може да ги направат фоликулите на косата многу поздрави, што значи поубава и поздрава коса со побрз раст.
Ако сакате да користите ловор за нега на коса, прво направете силен чај. Кога ќе ја измиете косата со шампон како и обично, истурете го ловоровиот чај врз влажната коса. Нежно масирајте го скалпот неколку минути, за корисните состојки полесно да стигнат до фоликулите на косата.
Покрај мајчината душица, босилекот и лавандата и ловорот содржи линалол. Тоа е супстанца која е многу ценета во ароматерапијата бидејќи помага во ослободување на стрес или напнатост. Бидејќи долгорочниот стрес може да биде штетен за вашето здравје, дефинитивно може да си помогнете со ефективни природни препарати без несакани ефекти. Еден од најдобриот избор во вакви случаи може да биде ловор.