Македонска докторка со емотивна исповед за битката со канцерот: „Бев лично до пеколот и назад“

Марија Бунда Калпак е храбра девојка од Македонија, по професија докторка, која одлучи јавно да ја сподели својата приказна за битката со канцерот.

На својот Инстаграм профил раскажа низ што поминала со цел да ги мотивира сите кои се борат со болеста да не се откажуваат. Нејзините објави ви ги пренесуваме во елост: „Рак на гради на 28 години? Да, тоа сум јас!

- Advertisement -

Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак дека ова некогаш ќе го пишувам 2 дена после операција.. Упс не, после втора операција за 2 недели. Поминаа 7 месеци од првичната дијагноза и сега имам храброст да ја споделам оваа приказна зошто знам дека може да помогне на многумина и да ја подигнеме заедно свеста за оваа ужасна болест.

Јас лично бев до пеколот и назад.. И сѐ уште сум на патот.  Не, не беше сѐ лошо и сум благодарна и  заради многуте добри работи што ми ги донесе ова патување. Не е завршено, продолжува и ќе трае цел живот..

Сепак сум уверена дека животот ни носи само онолку колку што можеме да издржиме, а тоа ќе нѐ направи посилни“, напиша Марија на Инстаграм и откри како ја дознала дијагнозата: „Ок, ке почнам од почеток. „Како открив? Ден после сликава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija B.Kalpak, MD (@dr.marijabunda)

- Advertisement -

После прекинот на доењето со моето второ дете ми се појави ‘грутка’ во левата града – но навикната на грутки во градите (сите мајки што доеле знаат) мислев дека не е ништо. Како и да е отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека – сѐ е во ред.. ‘Ова е само густо масно ткиво’.

Е тука е мојата најголема грешка што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ. Не и кажав за сето ова, дури по 2 месеци кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 година од мајка ми (ако мислите сте имале лоша година, размислете уште еднаш) – ‘Марија ова изгледа малигно’.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija B.Kalpak, MD (@dr.marijabunda)

- Advertisement -


Потоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е – мојот беше Естроген позитивен, Хер негативен.

И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот- неверување, плачење, страв, обвинување. Но поуката од ова е: Редовно правете си само преглед. Ако забележите нешто (топче, грутче, болка, исцедок) веднаш одете на лекар.

Како што знаете кај нас, а и секаде во светот после 40та година се прави скрининг секоја година со мамографија. Тоа е најлесниот и најевтиниот начин за преглед. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа.

Но, за сите нас пред таа возрасна група – златно правило – самопреглед и свесност за своето тело“, пишува таа на Инстаграм.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!