Како што се шпекулира, на Меган Маркл и принцот Хари не им се предвидува блескав нареден период, барем доколку навистина се остварат шпекулациите.
Анџела Левин која што е кралски биограф, со јавноста споделила дека принцот Чарлс планира да ги „скрати“ трошоците за да заштеди пари во корист на монархијата, а сè поизвесно е дека Меган и Хари повеќе нема да имаат приходи од таа каса.
Таа открила дека оваа одлука на Чарлс ќе има големо влијание врз животот на Хари и Меган кои што моментално живеат во Калифорнија поради тоа што за сите понатамошни приходи мора да се погрижат сами.
Се претпоставува дека прашање на време е кога Чарлс и Вилијам ќе ги утврдат сите детали кога станува збор иднината на монархијата по смртта на принцот Филип. Анџела тврди дека Чарлс веќе одредено време сака да ги намали трошоците во монархијата, но и дека останатите членови од кралското семејство треба да ги оправдуваат парите кои што ги добиваат.
„Сè ми изгледа дека тоа ќе вклучи и отфрлање на Хари и Меган. Тој проширен дел кралицата го држеше на едно место од сентиментална причина и тоа поради своите години не сакаше да го менува, што е разбирливо. Но, тој е подготвен за промени и мислам дека тоа и ќе го направи“, изјавила Левин.
Извор: karmin.tocka.com.mk