Објавена фотографија која настанала пред Болдвин да ја убие камерманката: Полициската истрага забележала 2 работи

Откако во петокот наутро беше објавена веста дека директорката на фотографија на филмот „Rust“ била убиена по пукање од револвер кој бил во рацете на актерот Алек Болдвин, полицијата сè уште работи на истрагата која ќе разоткрие кој е одговорен за трагичниот инцидент.

Врз основа на полицискиот извештај, Алек Болдвин го вперил револверот во правец на камерата во текот на пробата на снимањето на сцената, па потоа ја убил Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел.

- Advertisement -

Еден од членовите на екипата кој работел на снимањето на филмот објавил фотографија која била направена истиот ден пред да се случи несреќата. Истражувачите на случајот наведуваат дека голем број на муниција била пронајдена на снимањето на филмот и дека истрагата сега е неопходна за да се дознае за каква муниција станувало збор.

Во саботата „Daily Mail“ објави дека лицето задолжено за оружјето и асистентот режисер му го дале фаталниот револвер на Алек Болдвин. Имено, сцената се снимала така што Болдвин бил свртен кон камерата зад која стоела Халина, а зад неа режисерот. Поради тоа што пукањето било направено во близина на камерата, од моќност куршумот ја погодил снимателката и го ранил режисерот.

Лицето задолжено за оружје, Хана Рид и асистентот Дејв Рид, биле задолжени за безбедноста на снимањето. Инаку, Хана работела и на филмот „The Old Way“ со Николас Кејџ, а Рид на многу филмски блокбастери како што е „The Matrix Reloaded“.

- Advertisement -

Да ве потсетиме, Алекс Болдвин пукаше од реплика на пиштол на филмски сет во Ново Мексико и во таа прилика ја уби Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел, соопштија локалните власти. Според властите, Хачинс со хеликоптер била пренесена во болница во Ново Мексико каде била прогласена за мртва, додека пак ранетиот режисер со автомобил на Брза помош бил однесен во регионалниот медицински центар Кристус.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!