Кога покрај ќесичките со бои за бојдисување на јајца се појавија и други украси, како светки, сите посакавме да ги пробаме.
Иако изгледаат убаво, што се земат во рака насекаде околу нас има светки, што никому не му се допаѓа. Затоа денеска ви откриваме трик со кој вашите јајца ќе светкаат со помош на шеќер.
Наместо вода користете 500 милилитри црвено вино, наместо сол 100 грама шеќер, а ќе ви треба и една ќесичка боја за колачи во прав. Ставете го виното во тенџере, додадете шеќер, па ставете јајца. Вклучете ја ринглата па јајцата посипете ги со боја за колачи.
Варете го виното околу половина час без поклоп, отстранете го од ринглата и оставете да отстои преку ноќ. Наутро извадете ги јајцата на крпа и добро исушете ги. Како што ќе се сушат така ќе стануваат светкави.