Поради пандемијата и рестриктивните мерки пејачите се без работа и прилив на пари.




Најпознатиот македонски фолк-пејач во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека пандемијата му донела финансиска криза.
„Секако дека е тешко. Скоро година дена како сме без настапи, преживуваме некако без музика. Меѓутоа не е лесно. Финансиски некаде сум преку 60-70.000 евра во минус. Живееме со плата и пензија од мајка ми и од жена ми и од нешто што сме имале од порано.




Меѓутоа тежок е животот секако, целата економија е упропастена. Не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација.




Немам добар поглед кон иднината“, изјави Наум за Бекстејџ.