Секојдневно користиме пешкири, па затоа многу е важно редовно да ги переме. Неизбежно е по некое време да изгледаат истрошено и старо.
Експертката за уредување ентериери, Рејчел Кохен, дава четири совети што ќе ви помогнат пешкирите да ви останат долго време меки…
Перете ги во ладна вода
Ниските температури спречуваат собирање на шевовите, односно помагаат пешкирите да ја сочуваат бојата.
Немојте да користите омекнувач за облека
Хемикалиите што ги содржи омекнувачот можат да ги оштетат влакната, поради што пешкирите по секое перење сѐ повеќе ќе се уништуваат.
„Наместо омекнувач, во машината за перење ставете тениско топче. Така ќе бидат помеки“, вели Рејчел. Пешкирите подолго ќе ви траат ако ги перете одвоено. Обрнете внимание на количината на детергент.
Природни начини и трикови за да се спречи…
Доколку сипете повеќе детергент, пешкирите тешко ќе ви се исперат, односно ќе бидат крути. Следете ги упатствата на пакувањето, бидејќи така ќе знаете која количина на детергент оди на која количина облека.
Немојте да ги пресушите
Пешкирите што многу впиваат, побрзо се сушат. Па затоа, сушете ги во сушара што е можно пократко. Можете и да ги извадите пред да се исушат целосно и да ги сушите на воздух.
Колку често ги перете пешкирите?
Без разлика колку сте чисти вие или вашите пешкири, најверојатно се повалкани одошто мислите. Секогаш кога ќе се избришете со пешкир, на него останува слој мртва кожа.
Исто така, влажните пешкири привлекуваат бактерии, па така, ако не ги перете подолго време, тие ќе се размножуваат на нив. Во машината за перење ставете половина шолја прашок за пециво.
На тој начин ќе го отстраните застоениот мирис и ќе ги освежите. Пешкирите треба да се менуваат секои два дена!