Семејство во САД остава по 27 илјади денари бакшиш на келнерите- зад нивниот гест се крие тажна приказна (ВИДЕО)

Во САД постои семејство кое веќе осум години остава бакшиш по 500 долари (или 27.000 денари).

За овој великодушен гест виновен е Арон Колинс кој по природа бил многу чувствително момче, а посебно се грижел за оние кои работат во услужната дејност, бидејќи и тој самиот работел во пицерија.

- Advertisement -

За жал на 30 години тој ненадејно починал, а на неговиот компјутер бил пронајден тестамент во кој дал упатства што да се направи со неговите лични работи, како што се моторот, уметничките дела како и под број три: „Оставајте фантастичен бакшиш на келнерите, и не мислам на 25 проценти од сметката, туку мислам на 500 долари за пица“ напишал тој.

Со оглед на тоа дека зад себе не оставил толкава количина на пари за бакшиш, неговиот брат направил страница aaroncollins.org со надеж дека некој ќе му помогне да собере пари за да ја исполни последната желба на својот брат.

Она што Сет не се надевал дека ќе се случи е дека донациите постојано ќе доаѓаат. Сега тој има можност да оди по рестораните ширум САД и да продолжи да дели бакшиш од по 500 долари на келнери и тоа по случаен избор.

- Advertisement -

Откако ја направил страната во август 2012 година, па се до сега, собрани се 65.000 долари, а низ годините поделени се 23,500 долари. Рестораните се избрани случајно, а келнерите добиваат бакшиш без разлика на квалитетот на услугата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!