СКОПЈЕ: Агент за недвижности продал ист стан на повеќе купувачи

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, капар плаќаат тројца купувачи, открива МИА. Притоа, обидот да се купи стан, станува борба за повраток на сопствени средства. Правдата е побарана, се чека да пристигне. Истрага, засега нема.

Агент за недвижности земал капар од тројца различни купувачи за еден ист стан, со што тројцата ги оштетил за вкупна сума од 11 илјади евра. Според договорите за капар до кои дојде МИА, склучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан, тројца граѓани платиле капар од 5.500, 4.500 и 1.000 евра. Со капар од по 8.000 и 5.000 евра, за станови од истата зграда, се оштетени и други двајца купувачи, кои се обидуваат да си купат стан уште од изминатата есен. Со 8.000 евра е оштетен и уште еден купувач кој дознава дека е измамен во март оваа година.

Процесот на договарање за купување на становите, како што велат граѓаните, траел сѐ до моментот кога купопродажниот договор требало да се однесе на нотар, при што агентот, тогаш настапувал со разни оправдувања дека не е во можност да се сретне со нив, поради боледување, отсуство на сопственикот, и слично. Времето поминувало а купувачите биле оневозможени да пристапат кон купување на станот во кој што поскоро планирале и им било потребно да се вселат.

Бидејќи сето тоа им станало бесмислено, а агентот бил недостапен, граѓаните во потрага по одговори започнале да ги бараат и контактираат сопствениците на становите кои биле наведени во договорите, како и нотарот кој претходно им бил посочен од агентот. Стапувајќи во контакт со нив, дознале дека тие воопшто не се запознаени со случајот и дека станува збор за измама.

Контактирајќи ги гореспоменатите, по сплет на околности, петте оштетени граѓани дознаваат еден за друг, се наоѓаат и успеваат да го „измамат“ агентот, така што на 24 март се сретнуваат со него и го пријавуваат во полиција. При пријавувањето бил присутен и агентот, со што им ветил дека ќе им ги врати парите за 10 дена. Меѓутоа, и по истекот на предвидениот рок, граѓаните не ги добиле своите пари назад.

Првите пет пријави биле доставени до Секторот за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи на 24 март, додека, МВР, известувањето за истите го испратило до Основното јавно обвинителство на 26 март. По две недели од пријавување на случајот, до моментот на објавувањето на текстот, од ОЈО за МИА не потврдија дека се пристигнати кривичните пријави за кои покажуваме интерес.

На 8 април, до МВР била доставена пријава и од последниот, засега шести измамен граѓанин. Во меѓувреме, додека известувањето патува од МВР до ОЈО, оштетените граѓаните велат дека лицето продолжува да измамува и бараат начин како да си ги вратат парите.

Граѓаните го товарат агентот за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра. Загрижени, бараат институциите да преземат мерки што побрзо, со цел да се спречи моменталното и понатамошно оштетување на останати граѓани.

Оштетените, во обид да дојдат до повеќе информации, за МИА велат дека се сомневаат дека агентот имал поддршка и од еден од оние кои даваат правна потврда на документите. Сепак, тоа е само сомнеж, а институциите ќе треба да истражат. Дополнително, ги зачудува фактот што за ист стан повеќе купувачи плаќаат данок, за што МИА побара одговор и од надлежните институции.

Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната се изоставени идентитетите. МИА продолжува да го следи случајот. Повеќе детали во утрешната истражувачка сторија на МИА.

Последни објави

Работела во Германија 40 години и градела вили за своите синови, а тие по смртта на нејзиниот сопруг ја исфрлиле на улица

Децата растеа во изобилство, затоа што семејството Цветковиќ солудно заработуваа. Брачни пар Цветковиќ од Лескоец цели 40 години работеше...

Посвоиле куче без да го видат – Кога ја отворија вратата од камионот, се случи нешто НЕВЕРОЈАТНО!

Трејси Вајат ја основала својата организација за помагање на животни во 2011 година, пренесува порталот „Likemag“. Се започна со тоа...

ИСПЛИВА ПОТРЕСНА СНИМКА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ НА ТОШЕ! Пејачот се видел со оваа жена која му порачала: Те сакам, чувај се, пота повеќе го...

Музичката сцена во регионот години после загинувањето на Тоше Проески неможе да се помири со неговото прерано заминување, сега...

Газдата ми плаче: „Не можам да си најдам добри работници“ – Фала богу им текна да не ти работат за 250 евра

Веќе шест месеци барам работнички за во сендвичара.Со овој бизнис се занимавам скоро 10 години и никогаш не било...
- Advertisement -

Плаќаат по илјадници евра за млади Албанки а кога ќе ги видат остануваат во шок!

Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за млади невести од Албанија но никогаш не ги добиле. Еден...

САМО МАЛКУ ЛУЃЕ ЈА ИМААТ ОВАА ЛИНИЈА НА ДЛАНКАТА: Нема да верувате што значи

Тие живеат според кодекс кој никој не би можел да живее и се интелигентни луѓе, никој не успева да...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!