Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска вчеравечер со објавата на својот Инстаграм профил ја изненади јавноста и своите следбенци – таа станала мајка на машко бебенце.




Изненадување за нејзината публика и јавноста беше тоа што никој не знаеше ниту дека пејачката е бремена. Откако вчера на нејзиниот профил се појавија честитки од пријателите сите дознаа дека Симона станала мајка.




-Чувството искрено не може ни да се опише,им посакувам ма сите кои што сакаат да се остварат како мајки што побрзо Господ да ги благослови,затоа што ова е еден момент кој што ќе се памети цел живот и не може да се спореди со ништо друго, вели Симона и додава дека породувањето поминало во најдобар ред, а откри и зошто не откриваше деќа ќе стане мајка:




-Jас и бебето сме одлични,имав прекрасен тим,породувањето беше спонтано и тоа е тоа. Веќе избравме име, ќе се вика Никола.
Изненадувањта се реално секогаш послатки, јас не сум човек кој ја споделува приватноста, но не беше намерно туку поради ситуацијата што се случува со ковид-19, периодот ми беше работа дома, чување и тос е тоа, вели пресреќната мајка која го опиша и моментот кога првпат го земала во реце своето чедо.




Кога ми го дадоа во раце доаѓаат солзи радосници и знаеш дека доаѓа нова етапа од животот како никоја досега, го заврши таа разговорот за „Бекстејџ“.