Хит на месецот: Лиде на Венко ја сруши рап сцената со песна за министерот

Ова станува хит! Многу заразно! Не знаеме дали министерот Венко Филипче веќе ја има слушнато песната посветена за него и дали можеби веќе си ја потпевнува во себе.

За мене и министерот датумите 18 и 19 имаат значење, беше ноќта на 18ти кон 19ти кога на телевизија рече дека ќе пиеме кафе, се сретнавме на 19ти минатиот месец и еве сега на 18ти кон 19ти се случи песната, вели Лиде Лиде, најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, која го опеа во песната „ Лиде на Венко“ , за која сама си ја направи музиката и текстот, а и сама си ја изрецитира.

-А што да правам, тој човек ми е инспирација, зошто никој не ме разбира. И преку телевизор има хемија. Дали е до короната не знам ама знам дека короната е крива за се што се случува. Навистина многу е интересна работата со датумите. Тој кога кажа- да за кафето на 18ти вечерта. Така и песнава на 18ти вечерта ја објавив. Се сретнавме на 19ти минатиот месец.

Којзнае што ќе се случи на 18 и 19 следниот месец, може стварно ќе заврши пандемијата или може стварно ќе пиеме кафе. Мислам дека треба да седнеме на кафе за да заврши пандемијата, вели Лиде и додава: Мислам дека јас сум му релаксација после сите стресови. И јас со пораки, песни, емисии за него нема да престанам, се додека тој не ми рече. Песната ми ја смисли еден рапер.

А сакав да ја напишам сама, ама тој се стави во моја улога и ја направи. Кога ми ја прати, кога ја читав се газев од смеење и не знаев дали ќе можам да ја изрецитирам. Па после ми стана незгодно, ама си реков што да не. А што има лошо во ова? Имам и лого за „Лиде на Венко“.

Мене ми се допаѓа, некои се смееја ама лоши коментари нема. Сега треба да барам спонзори за спот. Еве го поканувам министерот ако сака да го спонзорира спотот, да се овековечиме со песна, вели Лиде.

Последни објави

Не верувала во вакцини, па починала од коронавирусот- Американката имала последна желба

Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби својот сопруг, таа...

Млекото на вакцинираните мајки може да ги заштити бебињата од коронавирус

Млекото на мајките кои примиле две дози вакцина против коронавирус би можело да содржи антитела кои ќе го заштитат...

Трик за најбрзо лупење на печени пиперки – лушпата паѓа за секунда

Постои супер трик за лесно лупење на пиперките за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките кои се печени,...

Ставете го ова кај вратите и прозорите – смрдливките повеќе нема да се доближат до вашиот дом

При првите ладни денови, смрдливките се во потрага по топли и суви места каде што можат да се засолнат,...
- Advertisement -

Во водата за бришење подови додадете 1 лажица од овој зачин – подовите ќе блескаат

Чистите и испрани подови не се само најдобриот начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да...

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, туку од Бога. Тој може да ја реши!

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, таа зваиси од Бпга “Мојот Бог во Исус Христос ќе ја иполни...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!