Што доколку се заразите со коронавирусот по вакцинацијата – Еве што треба да знаете

Вакцинацијата на населението против коронавирусот се спроведува низ целиот свет, но и натаму постојат мал број случаи на зараза со коронавирусот и по вакцинацијата.

Случаите на заразување со коронавирусот по вакцинацијата и натаму се многу ретки во сите држави во светот – „Ниту една вакцина не ја спречува болеста во 100 отсто од случаите“, соопштуваат од Центарот за контрола и превенција на болести, а експертите тоа го знаат од самиот почеток.

- Advertisement -

На пример, во април било соопштено дека повеќе од 95 милиони луѓе во САД биле вакцинирани, а дури 9.000 од нив се инфицирале по вакцинацијата, пренесува „Huffington post“. „Тоа не е ништо неочекувано, а бројките се навистина мали“, изјавила Тејлор Нелсон, специјалист за заразни болести.

Веројатно е дека случаите на заразување по вакцинација се помалку сериозни од заразувањето без вакцинација – Од Центарот за контрола и превенција на болести не го потврдиле во целост ова тврдење, но кажале дека постојат некои докази дека вакцинацијата може болеста да ја направи помалку сериозна.

На пример, околу 27 отсто од инфицираните по вакцинацијата биле асимптоматски случаи, тоа значи дека сериозните исходи на болеста се невозможни.

- Advertisement -

„Вакцинацијата и натаму предизвикува одредени имунолошки одговори кои што му помагаат на нашето тело во борбата против инфекцијата, а тоа преминува во „поблага“ инфекција. Веројатно и можноста за пренесување на болеста е помала“, тврди Тејлор Нелсон.

Не постои јасен образец за тоа кој е во поголема опасност од заразување – мажите или жените Некои истражувања велат дека по вакцинацијата околу 60 отсто од инфицираните биле жени, а тоа е можно поради тоа што имуниот систем на жените поразлично реагира на вакцината отколку кај мажите.

Од околу 40 отсто од пријавените за инфекција по вакцинацијата биле луѓе постари од 60 години. Сето ова значи дека не постои јасен образец за тоа која група луѓе би можела да биде изложена на зараза со коронавирусот по вакцинацијата.

- Advertisement -

„За жал, само времето може да покаже колку вакцините се ефикасни. Мислам дека најмалку уште една година е потребно да помине за тоа“, вели Нелсон.

Многу е важно да ги следите препораките од докторот по вакцинацијата – СЗО постојано ги менува своите насоки за тоа што луѓето смеат да прават по вакцинацијата:

Во ред е да бидете во друштво со помала група на луѓе, на отворено и без маски или пак да одите на прошетки или пак да возите велосипед. „Фактот што постојат заразени луѓе по вакцинацијата не значи дека вакцините се неуспешни“, вели Нелсон.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!