Весна Бејби раскажа што доживеала: Куќата ни стана пепел додека чекавме пожарна еден ипол час

Актерката Весна Бејби Петрушевска  инспирирана од пожарите кои ја погодија Македонија, а најмногу Кочани, преку пост на својот Фејсбук профил се сети на пожарот во кој изгоре голем дел од нејзината семејна куќа, пред неколку години.

“Призма правела истражување пред две години. Ова е суштината 20 години наназад.Кога ни изгоре куќата ги чекавме точно час и половина(се бидна пепел) оти немаа капацитет.

Сега читам дека Стојанче го спасил Кочани и не размислувал за оставка.Ајде мајката!Не ни сакате да знаете како е да вдишиш чад да не можеш излез да најдеш кога се случува пожар.Не релативизирајте катастрофи и трагедии.

Уште кога ќе прочитам ”изгореле неколку куќи, спасиле куќи”… Ништо не спасиле,се треба да рушат луѓето и одново да градат!!! Само тие знаат како им е!Сите политички структури ама сите до една не се бавите со суштината, да не спомнувам и возила за брза помош ми се лоши (јас лично чекав 3 часа за мене и тоа приватно едвај жива глава спасив).

Па де едни де други се топорите политичари на сред трагедии. Да се немало хелихоптери и пожарни возила!! Вака ќе ни се случува и понатаму ако не си ја чукнеме главата!Многу сум тажна и бесна. Цел свет дебатира за климатски промени ние “Е” од екологија немаме… не го занима тоа никој. Ете каде сме!До нас е, “ напиша Весна на Фејсбук.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!