Дали родителот е родител ако те спречува да бидеш среќен само поради предрасудите со кои се задоени?

Во штипско Карбинци денес двајца млади луѓе, вереници, си го одездоа животот заради недозволена љубов. Кој тоа у 21 век не дозволувал? Дали вие родители на тие деца, кои не сте дозволувале да се сакаат, сега помирно ќе живеете?

Во оваа племенска заедница наречена Балкан, поважно е што ќе речат другите, отколку среќата на опствените деца. Во оваа племенска заедница верските, националните и другите разлики ви се поважни од човечки живот. Жално. Требале само да излезат од тоа дувло на заостанатост и да се сакаат. Никој друг не е битен.

Дали родителот е родител ако те спречува да бидеш среќен само поради предрасудите со кои се задоени? Се што требале да направат е да си заминат од средината која ги осудува и да бидат среќни. Ништо не те врзува таму кај што не те сакаат.

Едноставно замини. Голема загуба. Штета. Ова е цената на козервативизмот, примитивизмот, догмите и предрасудите. Ова е резултатот на депресијата и психичката состојба која ја предизвикуваат конзервативните луѓе. Родители на тие млади и заљубени луѓе: Џабе сте живи!

Живејте си сега со вашите забрани. Живејте си сега за тоа што ќе речат луѓето. Гнаси психопатски, заостанати. Вреди ли идиоти едни? Вреди ли да ги немате децата? Ова е тоа кога велам дека не треба секој што е плоден да се размножи. Еве зошто велам дека глупи и заостанати луѓе не треба да имаат право на расплод. Сум звучела фашистички? Ок. Еве ви го резултатот пред нос…

Ромео и Јулија беа ликови во 1597 ма. Македонија, 2021 ва. Чисто за споредба на нашата заостанатост.

ФБ статус на Фросина Фро

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!