Какво значење имаат боите на велигденските јајца- симбол за мир, богатство и верба

Секоја боја со која се фарбаатт јајца на Велики петок носи одредена симболика и иако до Велигден останува уште време, вреди да се потсетиме на некои интересни работи поврзани со овој свет празник.

Жолтата боја на јајцата симболизира чистота, светлост, раѓање, невиност и радост. Портокаловата боја на јајцата симболизира издржливост, сила и амбициозност.

Златната боја симболизира духовно богатство и мудрост. Розовата боја симболизира успех и задоволство.

Црвената пак, симболизира духовна будност, делотворност, мирољубие, радост за животот и љубов. Сината боја на јајцата симболизира вистина, добро здравје и верност.

Виолетовата боја ја симболизира вербата, довербата и трпеливоста. Зелената боја означува плодност, здравје, надеж, светлина и богатство. Кафеавата фарба симболизира великодушност, жетва и приземјеност.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!