На 20 октомври на небото ќе блесне Супер Месечина и на многумина ќе им ги замрси конците: Ова се промените што нè очекуваат!

Со оглед на тоа што оваа полна месечина е во Овен, а Овенот е првиот огнен знак со силна енергија, промените ќе бидат енергични, а најмногу ќе се одразат на партнерските односи и на деловната комуникација.

Овенот е енергичен знак, па така и нашите реакции ќе бидат енергични и огнени. Ова е моќен аспект, па паметно би било да ја контролираме силната енергија на Овенот кој нè поттикнува да свртиме нова страница во животот, да се обидеме промените да бидат малку посуптилни ако тоа е возможно.

Месечината ќе формира аспект со Јупитер, што доведува до убави работни контакти и зголемување на заработката. Taa ќе има и силен аспект со Плутон што може да доведе до нервни кризи и тешки зборови, што потоа може да доведе до сериозни караници во партнерските односи.

Во секој случај, ѕвездите ви порачуваат за време на оваа полна месечина да свртите нов лист, да не се плашите од своите желби и соништа, туку токму за време на енергичниот Овен да направите нешто за што не сте имале храброст претходно.

Еве како ќе влијае врз секој знак посебно:
Овен
Нагласени ви се караниците и расправиите. Оваа месечина во вас ќе разбуди голема енергија, но и негативна, така што најдобро е расправиите да ги оставите за наредниот период.

Бик
Ви се активира полето на потсвеста, длабоките тајни и моќните размислувања. Тоа чувство не ви годи, но не го отфрлајте, туку позанимавајте се самите со себе и кога ќе помине полната месечина, тогаш ќе знаете што да правите.

Близнаци
Многу убава полетна енергија, дружење со пријателите и остварување на плановите и желбите. Едноставно, со убавата енергија привлекувате и убави работи.
Рак
Ви се активира полето на кариера. Вашето лично чувство е дека сте напнати, не ви годи енергијата што ја чувствувате сега.

Лав
Не знаете што да правите со јаката енергија на Овенот! Полни сте со полет и стигнувате на сто различни страни, што е одлично, само внимавајте да не претерате со тоа, бидејќи може да ви се случи ненадејно вљубување на работа, што ќе го загрози вашиот емоционален живот.

Девица
Ви се случува внатрешна трансформација.
Терезија
Има премногу работи околу вас. Јака енергија, сплетки, како и успех на работа. Внимавајте да не ви се вмеша некој во љубовниот живот.

Скорпија
Сега започнете со промени во вашиот животен стил, исфрлете ги токсините од себе, прејдете на нов начин на исхрана и, секако, за сè друго слушајте ја интуицијата, бидејќи таа сега ви е на максимум.

Стрелец
Јаки љубовни емоции. Енергијата што ја чувствувате може да ве вмеша во флерт. Ви се случуваат промени на работа и сте се согласиле на 100 работи. Тоа е во ред, само правете го она што ви е приоритет.

Јарец
Нагласено ви е полето на семејството и пријателствата. Во принцип, може да дојде до тешки зборови, бидејќи енергијата е јака, но вие сте генерално смирени, не реагирате на прва, па така нека остане и овој пат.

Водолија
Бидете максимално внимателни во сообраќајот. Без разлика дали сте возач или пешак. Ако планирате некое патување, добро размислете, бидејќи сега не е многу неопходно да се тргне. Ако не можете да го одложите, потребна е сама јака концентрација и сè ќе биде во ред.

Риби
Нагласено ви е полето на финансии. Важно е само да не фрлате пари на тривијални работи, туку да направите добар бизнис-план и сè ќе помине совршено кај вас.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!