Несоодветна брзина и заблуда на возачот се најверојтано причините за големата автобуска несреќа

Несоодветна брзина и заблуда на возачот се најверојтано причините за големата автобуска несреќа изјави за Битиви Васко Пиргов секретар на регионалниот совет за безбедност, а кој бил на местото на несреќата заедно со првите пристигнати полицајци и пожарникари.

-Не е за раскажување, зборување, сликата е страшна, од задното десно стакло излегле повредените патници, вели Пиргов. Според неговата изјава автобусот удрил со предната десна гума во сообраќаен знак, по што го исфрлил 45 метри настрана.

Пожарот почнал од предниот дел на автобусот, а според полицијата, имало и туби со нафта на предната страна, кај резервните гуми, по што од парното излегол огнот. Патот беше целиот со нафта.

Премиерот Заев кажа дека најголем број од патниците се македонски државјани. Меѓу патниците имало и српски државјанин од Прешево кој со вереницата од Куманово бил дел од групата, а еден патник имал белгиско државјанство.

„Не сакам да зборувам за причините за несреќата, ќе оставам бугарските експерти да ја дадат причината за оваа голема трагедија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ми потврди дека автобусот е на превозникот ‘Беса транс‘ од Скопје“, кажа Заев.

Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од една туристичка агенција од Скопје биле вкупно четири автобуси.

Малку после полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата. Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност.

Тие засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.

(Фото: ЕПА)

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!