Не му ja исполниja последната желба – Српскиот пејач ја загуби битката со коронавирусот

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85-годишна возраст. Предраг Живковиќ Тозовац беше на лекување од коронавирусот во последните неколку недели, а веста дека починал за „Блиц“ ја потврди неговиот кум.

– За жал, тој не издржа, ковидот целосно го уништи – рече тој за „Блиц“. Тозовац е роден во Краљево во 1936 година, од неговиот татко Светозар Тоза Живковиќ, по кого го добил прекарот, и неговата мајка Будимка.

Тој неколку недели лежеше во болница, а за српски Телеграф раскажал дека би сакал да го пуштат дома да умре. Предраг тврди дека со денови психички му било лошо, бидејќи никој не му доаѓал во посета, а од креветот едвај можел да стане и да оди до тоалет.

Состојбата по примање на кинеската вакцина ми се стабилизираше, ама сега сум психички лошо. Не сум добро и верувајте дека едвај издржувам во болница. Никој не ми доаѓа во посета, бидејќи е ова ковид болница, а со мојата Мима се слушам само преку телефон и на неа и се жалам.

Ужасно е чувството кога по цел ден слушате само како апаратите за кислород пиштат. Тоа ни млади луѓе не би го поднеле, негативно влиаје на психата. Размислував да ги замолам лекарите да ме пуштат дома, достоинствено да умрам, ама тоа не е можно – зборуваше пејачот пред неколку дена.

Многумина го сметаат за најголем господин на српската народна музика, а неговите песни не исчезнаа со годините, па и денес тие се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености, како што се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене “,„ Јесен на мом сокаку “,„ Лено, Лено Магдалено “и други …

На почетокот на 2021 година, славниот пејач се ожени со својата животна сопатничка Емилија Мима, по 40 години љубов и заеднички живот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!