Не почитуваш карантин, нема храна и гас за тебе: Градоначалник ги обележа куќите на луѓето заболени од корона во Венецуела

Градоначалникот на градот Сукре, Луис Дуке во централниот дел на Венецуела почнал да става црвени знаци за предупредување на куќите на луѓето кои заболеле од коронавирус и се заканил дека ќе ја укине социјалната помош за оние што го кршат карантинот.

Дјук, претставувајќи ја ознаката во форма на црвен круг прецртан со црвена линија на бела хартија, објасни дека така сака да го заштити народот.

„Овој знак означува дека некој е заразен со Ковид-19 или се сомнева дека има случај на болест, па луѓето се предупредени“, рече Дјук на видеото на својот профил на „Инстаграм“.

Тој во изјава за локалното радио најави дека придобивките, како што се помошта за храна и гас, ќе бидат укинати доколку луѓето не се придржуваат кон карантинот воведен поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Потегот на градоначалникот, кој е член на владејачката Социјалистичка партија на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наиде на обвинувања за дискриминација. Адвокатката за човекови права Тамара Суху остро реагираше со објава на „Твитер“.

„Ние мора да го осудиме и да му посакаме добро здравје, за да не мора да се означи себеси“, напиша таа. Венецуела се соочува со ново зголемување на бројот на новозаразени по врвот во август.

Во текот на претходниот ден, во таа земја беа регистрирани 1.525 нови случаи, а 15 лица починаа.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!