Конечно се договорија: Задолжителното пензионирање на 64 години, од следната година, тие што продолжиле ќе работат најмногу до јуни

Не стапи на сила годинава каков што беше планот, но задолжителното пензионирање на 64 години секако ќе важи од 2022 година, пишува Фактор.мк

До 31 август годинава секој вработен во јавниот сектор може да поднесе барање за продолжување на работниот стаж, а ако поднесе, на работа може да остане најмногу до 30 јуни 2022 година.

За ова договор постигнале опозицијата и власта, а од понеделник ќе се бара начин како да се вметне измената која се однесува на датумот до кој тој што ќе го продолжи работниот стаж годинава ќе може да остане на истата работа следната година.

Амандмански не може затоа што можноста за амандмани е исцрпена, па најверојатно ќе биде комисиска интервенција. Инаку на измените на Законот за работни односи со кои група пратеници на СДСМ предложија во земјава да се оди во пензија задолжително на 64 години без можност да се пролонгира тоа во јавниот сектор, опозицијата поднесе околу 500 амандмани.

Договор да се одблокираат овој и придружни закони кои се менуваат а се поврзани со пензионрањето постигнале впрочем и лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски на последната средба.

Договорено е законот да се донесе, да важи од следната година, поднесувањето на барање за продолжување да биде до 31.08 годинава, а продолжената работа да трае до 30.06 следната година.

Власта го предложи новиот закон за работни односи во ноември, а планот беше на почетокот на годинава да стапи на сила. Со него беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Законот е блокиран во Собрание, откако опозицијата поднесе 500 амандмани.

Целиот текст на овој ЛИНК

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!