Премиерот Заев беше загрижен : „Што ќе правиме ние со 5 милиони дози вакцини во Македонија“

Не нарачуваме нови вакцини бидејќи нема да има што да правиме со 5 милиони дози, рече Премиерот Зоран Заев на 20 февруари годинава, најавувајќи дека вакцините ќе стигнат до крајот на месецот, очекувајќи дека тоа ќе бидат кинеските.

Но, февруари помина а денеска почнува и март, а во Македонија се уште нема ниту една вакцина.

За ситуацијата да биде уште потрагична и оние кинески вакцини за кои плативме аванс стануваат неизвесна нарачка особено откако вчера Министерството за здравство призна дека авансната уплата е вратена.

Ако до пред една недела првите луѓе во владата имаа храброст да предвидуваат кога ќе стигнат вакцините од денеска ситуацијата е сменета. Велат ќе стигнат брзо, но не знаат кога.

Македонија во меѓувреме стана една од ретките земји во светот каде што се уште нема ниту една вакцина ако се исклучат оние кои ги добивме од Србија.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!