Родители во еден австралиски град, ги разбудил вресок од нивниот 14-годишен син.
Дотрчале во собата и виделе како змија, долга 3 ипол метри, се замотала околу раката на момчето, а забите ги зарила во дланката, објавила телевизијата АБЦ.
„Сакал да му ја изеде раката“ рекла мајката на момчето. Питоните не се отровни, но своите жртви ги гуши, а може да порансат и до 8 ипол метри.
„Се боревме со него, но колку повеќе се трудевме, толку повеќе ги зариваше забите во неговата дланка“ раскажала мајката на момчето.
Таа на крајот земала пластична вилушка и ја ставила во устатат на змијата, додека таткото на момчето и ја повлекол главата и ја ослободил дланката на детето.
(Фото илустрација)