Исповед на жена „од оној свет“: Ги слушнав синовите како се збогуваат со мене и се видов во ковчегот

Лекарите веќе ја отпишале нејзината мајка и и дале еден час живот, но потоа се случило чудо.

Дијана Акуранги (39) од Нов Зеланд отсекогаш била во одлична физичка форма, поседувала теретана, играла рагби и се натпреварувала во бодибилдинг. Целиот свет наеднаш се срушил кога лекарите и кажале дека има три затнати артерии околу срцето, а потоа за чудо успеала да се врати од работ на смртта.

- Advertisement -

Утрото по комплицираната процедура, семејството добило ужасен повик од болница. Имаше компликации поради кои нејзиното срце наеднаш застана. „Гласот на другиот крај на врската ми го стисна стомакот, бидејќи и тие зборуваа со скршен глас – се присетува свршеникот на Дијана, чие единствено име беше Ревети.

Хирурзите објасниле дека срцето на Дијана „откажало“ штом го допреле, што ги навело да пробаат четворен бајпас. Тој план пропаднал, а жената доживеала три срцеви удари на операционата маса. Хирургот морал да и го пумпа срцето со рацете за повторно да работи, а според лекарот таа била на педа од смртта.

Ревети се сети на потресните зборови на најмладиот син на Дијана додека седеа во нејзината болничка соба и се збогуваа со неа.„Те сакам мамо, те сакам мамо, те сакам мамо“, рече тој.

- Advertisement -

На семејството му било кажано дека на Дијана и останува само уште еден час живот, но кога тој час дошол и поминал, таа сè уште била жива, што им давало трошка надеж. Докторите потоа решија да ја префрлат Дијана во поголема болница во Окленд, Нов Зеланд, со градите уште отворени.

Кога пристигнала, имала уште три операции, но останала во кома и на апарати за одржување во живот. На нејзиното семејство ѝ било кажано дека можеби никогаш нема да се разбуди. Дури и да се разбудеше, имаше шанса да не може да оди или да зборува.

Но, мозокот на Дијана функционирал одлично, па дури верува дека била свесна за работите што се случуваат околу неа додека била во кома. „Ги гледав работите како да се вистински. Можев да се видам себеси мртов во ковчегот, гледајќи надолу. Беше како да гледате телевизија и да се префрлате од една во друга епизода – рече таа.

- Advertisement -

Таа додаде дека имала визии за луѓе кои пристигнуваат на нејзиниот „тангиханг“, традиционален маорски погреб. Меѓутоа, во таа визија немаше тело. Додека била во кома, Дијана се сеќава дека ги слушнала нејзините синови како и кажуваат дека ја сакаат. По некое чудо, девет дена подоцна, таа се разбуди, но ја чекаше тешка борба и мораше повторно да научи како да оди и да зборува.

– Не знаев дали да се смеам или да плачам. Целите мои гради беа виолетови, дупката беше насекаде – се присети на траумата кога првпат ги виде последиците од блиската средба со смртта. Еден месец откако се разбудила, добила отказ и се вратила во својот дом во Гизборн за да биде со своето семејство.

Сепак, таа сè уште беше прогонувана од сеќавањата на времето поминато во кома и имаше проблеми да заспие. Со помош на психолог се борела и со параноја, грижејќи се дека нема да има кој да се грижи за нејзиното семејство.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!