Некој корисник на „Редит“ го споделил своето искуство и раскажал што му се случило кога доживеал клиничка смрт.
Тој се разболел додека престојувал во странство затоа што бил на кетогена диета (без јаглеродни хидрати) што довело до уништување на слузницата на стомакот. Како резултат, пател од мачнини и повраќал сè додека неговото тело не стигнало до дехидрација.
Откако бил префрлен во Брза помош во Канада, задржан бил во болница неколку дена. Меѓутоа, неговото тело “одбивало инфузии и хидрација, вените биле проѕирни и не бил свесен дека неговото тело ништо од тоа не прима“.
Тој три минути бил во клиничка смрт. „Не гледав никаква бела светлина или пак ангели, не слушав ниту гласови. Можев да гледам, но немав тело. Имав чувство како да се наоѓам на некоја друга планета. Кога погледнав надолу видов песок и многу плитка вода.
Изгледаше како бескрајно крајбрежје. Водата беше длабока еден центирметар или два. Кога погледнав горе небото беше розово, немаше сонце. Чувството ми беше непознато. Се чувствував како секој проблем кој што го имам да го гледам, секој поединечен проблем без оглед на тоа колку е тој голем. Беше неверојатно“ – раскажал тој.
Сето тоа се случувало додека докторите се обидувале да му го спасат животот „Почувствував пад. Сè беше црно и само чувствував дека паѓам, сè побрзо и побрзо.
Потоа почувствував како целото тело да ми вибрира, а набрзо потоа сè почнав да чувствувам“ – заклучил тој.