Девојка се обидува да дознае кој е мистериозниот странец кој и ја платил сметката за роденден, а потоа си заминал пред да има шанса да се заблагодари.
Шона Вилсон во четвртокот навечер била со семејството во ресторанот Космо во Манчестер кога доживеала неверојатен и љубезен чин. Вилсон инаку е личност која помага на луѓе со инвалидитет во учење, а таа вечер била излезена во ресторанот да го прослави 21-от роденден.
Таа рекла дека маж кој седел покрај нејзиното семејство го забележал балонот на нејзината столица, па се доближил и прашал кој слави. Потоа ја напуштил масата и по крако се вратил за да и кае на Шона дека ја платил сметката, па пред таа да има шанса да се заблагодари тој сизаминал.
Сметката изнесувала 142 фунти, а оставил и бакшиш за келнерот. Сега шо со „моќта“ на Фејсбук сака да го пронајде и да му се заблагодари за ваков убав гест.