Ако видите некој со ваков знак на дланката – веднаш повикајте помош!

Кампањата „Црна точка“ (Black dot campaign) почнала на една страница на Фејсбук, а за само еден ден и се приклучиле 6.000 луѓе. Денес бројот на луѓе вклучени во кампањата ширум светот изнесува околу 5 милиони .

- Advertisement -

По тетоважата „Точка запирка“ која пред неколку месеци беше многу популарна на интернет и покажува дека луѓето преживеале голема мака, се појави оваа нова симболика која има многу итен призвук. Црната точка нацртана на дланка е повик за помош.

Таа служи луѓето кое преживуваат насилство во семејството да и покажат на околината дека се во опасност, па дури и кога злоставувачот се наоѓа во непосредна близина. Организаторите на кампњата велат дека идејата потекнала од личност која и сама преживеала насилство во семејството.

Тие тврдат дека за само еден ден шест жени на овој начин испратиле порака да им се помогне. Веќе се појавуваат и тетоважи на телото кои покажуваат дека некој преживеал ваков вид на злоставување и се изборил со тоа.

Ако видите дека некој нацртал точка на дланката најдобро е дискретно да повикате помош.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!