Посадил дедото репа. Репата пораснала голема и преголема. Почнал дедото да ја корни репата од земја: повлечи, потегни, не може да ја искорни.




Ја повикал дедото на помош и бабата. Бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Ја повикала бабата на помош и внуката.




Внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Внуката го повикала на помош и зајко. Зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Го повикал зајко, на помош и мачорот.




Мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Го повикал мачорот на помош и глушецот.




Глушецот за мачорот, мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, ја искорнале репата.