Актер откри трик со кој можете да чуете како им звучи вашиот глас на другите

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Постои ли некој на светот кој сака да го слуша својот глас на снимка? Ако има, таквите луѓе се веројатно ретки.

Повеќето луѓе чувствуваат непријатност кога го слушаат сопствениот глас, а еден актер кој се занимава со позајмување на гласот открил како да дознаете како вашиот глас всушност им звучи на другите.

Боб Фисер покажал трик со кој можете да го слушнете гласот како што го слушаат останатите луѓе.

“Цело време всушност слушате поинаква верзија од сопствениот глас. Кога другите ве слушаат, тие не го слушаат она мало дополнително ‘ехо’”, вели Боб во видеото и потоа ги става испружените дланки на рабовите на ушите кои ги делат од остатокот од лицето.

Актерот тврди дека на тој начин можете да слушнете како всушност им звучите на другите луѓе.

“Ова многу ми помогна за подигнување на самодовербата бидејќи мислев дека звучам многу полошо”, напишала една корисничка на ТикТок во коментари.

Видеото погледнете го на овој ЛИНК

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!