Реклама

Анета Молика: Цела година сме без работа – без свирки сме немаме ништо

Реклама

Таа е една од најплатените, но и најангажираните македонски пејачки во моментов. Анета Мицевска која народот ја знае како „Анета Молика“ е една од ретките која може да се пофали со неверојатен глас. Буквално не постои песна која таа не може да ја отпее. На нејзините настапи и концерти секогаш се бара билет повеќе.

Со нејзиниот бенд „Молика“, во чиј дел е и нејзиниот сопруг ими Мицевски повеќе од 20 години се дел од македонската естрада. Освен во Македонија тие се популарни и на Балканот, но и ширум Европа, Австралија и Америка. Анета после македонскиот, најпопуларна е на српкиот пазар, каде снимките од нејзините настапи во српките емисии имаат огромна гледаност. Но, пандемијата си го направи своето. Поради коронавирусот музичарите немаат никакви свирки и никаков прилив на пари. Во моментов на сила е полициски час од 20 до 05 часот, а угостителските објекти добија целосна забрана за работа.

Реклама

Економијата оди надоле, а многу луѓе се без работа и без пари. Пејачите се оставени на милост и немилост, па некои од нив одлучија да ја променат професијата засекогаш или барем привремено. Анета истакна дека и покрај тоа што ѝ е многу тешко да го издржи овој период без ниввните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

Она што најмногу ѝ недостасува е екако публиката и се надева дека сето ова брзо ќе помине, затоа што целата криза донела голема разочараност кај музичарите. „Главна тема е ова што ни се случува, оваа ситуациај. За жал многу ни смета, еве моите колеги кои гостувале во вашите емисии и другите секогаш првото што се споменува е ковидот. Многу ни смета, бидејки нас музиката ни е добро утро, добар ден, добра ноќ, меѓутоа некако се справуваме“, изјави Анета Мицевска во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ и додаде:

„Продолжуваме, некако по дома пробуваме или некои гостувања, снимане, постојано сме со музиката. Тоа никој не може да го одземе од нас, музиката и песната. Се трудиме да бидеме активни, на социјалните мрежи да не не заборават. На некој начин на нашите фанови и помагавме на полесен начин да го пребродат сето ова, нонстоп бевме активни со лајв емисии на социјални мрежи од под дома. Музиката нема границ и нема крај, со песна може се да се помине полесно.

Не можеме да правиме планови, искрено мислевме дека оваа година ќе се среди цела ситуација и ќе почне да работиме. За жал сите планови ни пропаѓаат, не може да планираме да снимаме песни, албуми. Жалносно е што се друго функционира, а музиката не функционира. Некако не знам дали короната е тука во музиката, нема никаков проблем ако музиката си седи така во некој ќош и луѓето само да слушаат музика, нормално како што слушаат од радио, од цд. Не ми е јасно како во маркетите има гужва, нема дистанца, ништо не се почитува освен маската што се носи, а во кафана е забрането.

Стварно не ми е јасно меѓутоа тоа се протоколи кои треба да ги почитуваме и ги почитуваме. Значи очигледно дека ги почитуваме, веќе еве цела година сме без работа. На 8-ми март лани беше нашата последна свирка и од тогаш немаме ништо. Ние сме трпеливи“, вели Анета. Некои музичари се откажаа од нивната љубов – музиката, а некои го искористија ова слободно време да подготват големи хитови. Анета и групата „Молика“во изминатите месеци одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.

Споделија неколку видеа со песни, а меѓу нив и познатата народна песна „Црна се чума зададе“, која беше снимена како одговор на ситуацијата во која што се наоѓаме за да ги израдуваат своите фанови. Освен што се едни и единствени на македонската сцена, Анета и ими одлучија и да се пробаат во една нова професија – угостителството.

За нивната домашна слава Митровден, Џими и Анета отворија ресторан. Дел од нивната професија се настапите во рестораните, па токму затоа ими кажа дека тој ресторан е направен од пари направени од музиката и затоа во него секогаш ќе има музика.

Вели цените во ресторанот се прифатливи за сите, а ќе гостуваат и познати музичари од целиот регион. Ресторанот го крстија како и нивниот бенд – „Вила Молика“ , а на свеченото отворање беа присутни бројни познати имиња од нашата естрада./Гламур

Реклама
error: Содржината е заклучена!