Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот профил на Фејсбук реагираше за Законот за попис на населението кој денеска беше изгласан во законодавниот дом.
„Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!
Значи, јас – по сила на устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус “, напиша Апасиев.
Тој додава дека можеби ќе го оспори законското решение пред Уставниот суд.
„Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако иам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертски правни мислења“, напиша Апасиев.
Извор:365.com.mk