Баба на мета на критики откако на својата ќерка и барала 700 денари за да ги чува внуците

Секој има свои аргументи, но кој е во право?

Откако приказната пристигна до социјалните мрежи, многумина една баба од Австралија ја нападнале дека е алчна, неразумна и бесчувствителна затоа што од својата ќерка барала да и плати чување на внуците.

Имено, бабата на својата ќерка и барала 750 денари по час, а тоа го објаснила со тоа што има работа со која се занимава од дома и која не ја работи во одредени денови поради обврски со внуците, и сака нејзината ќерка да ги надокнади загубите.

Нејзината ќерка и понудила околу 400 денари по час, но бабата не се согласила и уште се налутила бидејќи и понудила толку малку. Јас не водам градинка, потребни ми се пари да ја надоместам платата која ќе ја изгубам бидејќи неколку дена неделно нема да ја работам својата работа – напишала бабата на социјалните мрежи.

Многумина ја напaднале упатувајќи критика дека таа воопшто не сака да ги чува внуците, поготово бидејќи бара толку висока сума на пари. Поголемиот дел од луѓето коментираа дека толку пари можат да добијат само образаовани дадилки, па се запрашаа какви квалификации има бабата.

-Имало и такви кои застанале на нејзина страна. Велат дека е сосем логично дека и треба надокнада бидејќи поради чувањето на внуците таа ќе остане без дел од своите приходи. Зошто има обврска бесплатно да и помага на својата ќерка? – запраша еден човек.

Што вие мислите?

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!