Баба по грешка му испратила порака на тинејџер да дојде на вечера: Веќе 4 години редовно се гледаат и одлично се сложуваат

62-годишната Ванда Денч од Аризона, во 2016 година случајно му испратила порака на 17-годишниот Џамал Хинтон да дојде на вечера по повод Денот на благодарноста.

Пораката била наменета за нејзиниот внук, но тој претходно го променил телефонскиот број. Иако на почетокот и двајцата биле збунети, бабата и тинејџерот си размениле селфија кои потврдиле дека дошло до забуна. Џамал на крајот прашал дали сепак може да дојде на вечера.

“Секако дека можеш”, одговорила таа и додала: “Тоа е она што го прават бабите – ги хранат сите”. По првата година, Џамал започнал постојано да доаѓа на вечера за американскиот празник.

“Беше неочекувано, но таа беше многу симпатична. Ме потсети дека и понатаму има добри луѓе на светот”, изјавил тинејџерот и додал дека тие имаат “одлична врска”. “Таа е симпатична дама. Ми раскажа дека нејзиниот маж бил ветеран и секогаш ги канела неговите пријатели на вечера, па затоа била навикната на полна куќа гости. Поради неа се почувствував како да сум дома”.

Ванда рекла дека таа и Џамал веднаш оствариле добар контакт. “Едноставно “кликнавме” кога се запознавме и кога за првпат разговарав со него. Помислив дека сакам да го запознаам тоа младо момче”, била искрена бабата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!