Бев во долгови до гуша: Тогаш дознав начин поради кој имам повеќе пари од било кога

Веќе десетти пат ја молев мајка ми да ми позајми пари за да ја поправам колата. Ми даде, но конечно сфатив дека не можам вечно да живеам во долгови.

Кредитната картичка и минусите на сметката секојдневно ме опседнуваа, постојано бев должна и како никогаш да немав ни денар во паричникот. Постојано си велев дека ќе бидам посериозна со парите кога ќе најдам подобро платена работа. И најдов, но за жал повторно бев во разни долгови до гуша.

- Advertisement -

Работата дојде до таму што родителите почнаа да ми се закануваат дека веќе нема да ми даваат пари, и тоа со право. Она што ме уништуваше беа импулсивните купувања. Гледам нешто што ми се допаѓа и морам да го имам, веднаш. Особено ако е на попуст.

Така една ноќ, како и многу други, лежев во кревет обидувајќи се да заспијам. А тогаш се сетив на зборовите на мајка ми на кои секогаш ги превртував очите: „Ако нешто ти се допадне, не го купувај веднаш. Почекај да видиш дали тоа ќе го сакаш и утре“.

Решив конечно да ја послушам. Решив тој месец да ги користам парите исклучиво за потребните работи. Првите денови ми беше ужасно – одбивав повици за кафе, возев покрај рестораните за брза храна што побрзо за да не се измамам и да влезам. И не само што штедев пари, туку губев и килограми.

- Advertisement -

Правилото кое си го поставив беше јасно – ако навистина го сакам тој предмет и три дена подоцна, ќе го купам. Следниот месец, после штедливиот живот, легна платата. Не бев ни свесна бидејќи на сметката имав голема сума од минатата плата. Исто така, кога ги видов првите резултати, сфатив дека штедењето не е само можна, туку и сјајна идеја.

Секако, тој прв месец беше строг и неодржлив, па си поставив некои нови правила. Решив да не купувам работи кои можам да ги користам само еднаш (на пример – кафе, сендвич, кифли од пекара, пиво во кафуле). Од друга страна, ако нешто многу сакам и три дена подоцна, па и тоа кафе, ќе го купам.

Не можам да ви опишам колку импулсивни купувања спречив со ова едноставно правило. Се сеќавам дека само еднаш потклекнав и купив сендвич и толку се разочарав во себе што можев да направам подобар и поевтин дома, па решив веќе никогаш да не потклекнувам.

- Advertisement -

Кафето го подготвував дома, а и храната. Штедев, а вишокот килограми се топеше. И на се тоа, се топеше и мојот секојдневен стрес. И затоа на сите им го препорачувам своето правило од три дена и една употреба. Верувајте, ќе ви го промени животот.

Споделете со пријателите за и тие да дознаат колку е добро штедењето!

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!