Беќаровски: Ќе имаме до 2000 новозаразени на дневно ниво

Тоа што ни се случува денес во смисла на починати е одраз на тоа што ни се случува во изминатите денови.

Ни се случува голема смртност, тука нема збор, ја надминуваме горната граница, вели доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за дневникот на ТВ Сител. Според него, овој сој почесто започнува како пролив и течна столица.

-И тука веднаш почнуваат со антибиотици, а нападнат е дигестивниот систем од вирусот. Наместо пробиотици, ние даваме антибиотици. Кога ќе се качи температурата на 37,1, сите веднаш даваат парацетамоли, аспирини, кетонали. Треба да оставиме малку организмот сам да се бори.

Сепак одиме со погрешна стратегија. Луѓето не се виновни, тие се исплашени, се зема се што треба и не треба. Мора да имаме јасни протоколи, појаснува Беќаровски. Тој информира дека стануваме земја со се повеќе коморбидитети, кои се поизразени од другите земји.

-Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој со нормална тежина, ако зборуваме за коморбидитет дебелина. Таа со себе носи дијабетис и хипертензија, додава Беќаровски. За овој четврт бран на корона, докторот вели дека ќе биде побурен, но помалку ќе трае.

-Ќе имаме до кај 2000 новозаразени на дневно ниво, но ако имаме толку детектирани, вистинските бројки се 6000 заразени, појаснува Беќаровски, заклучувајќи дека доколку се укаже потреба, би примил и трета доза на вакцина.

Последни објави

Не верувала во вакцини, па починала од коронавирусот- Американката имала последна желба

Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби својот сопруг, таа...

Млекото на вакцинираните мајки може да ги заштити бебињата од коронавирус

Млекото на мајките кои примиле две дози вакцина против коронавирус би можело да содржи антитела кои ќе го заштитат...

Трик за најбрзо лупење на печени пиперки – лушпата паѓа за секунда

Постои супер трик за лесно лупење на пиперките за ајвар. Ако сакате да ги излупите пиперките кои се печени,...

Ставете го ова кај вратите и прозорите – смрдливките повеќе нема да се доближат до вашиот дом

При првите ладни денови, смрдливките се во потрага по топли и суви места каде што можат да се засолнат,...
- Advertisement -

Во водата за бришење подови додадете 1 лажица од овој зачин – подовите ќе блескаат

Чистите и испрани подови не се само најдобриот начин да се ослободите од прашината и бактериите, туку и да...

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, туку од Бога. Тој може да ја реши!

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, таа зваиси од Бпга “Мојот Бог во Исус Христос ќе ја иполни...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!