Истражување спроведено на Универзитетот Берген, покажало дека чистењето е всушност полошо за здравјето од пушењето цигари.
Резултатите покажале дека спрејовите и другите производи за чистење се толку нездрави за белите дробови, бидејќи преку нив вдишувате тголем број токсини.
На пример, ако секој ден чистите е полошо од тоа да пушите цела кутија цигари дневно околу 20 години.
Се зголемува веројатноста од астматичен напад за 43 отсто. Во истражувањето учествувале 6.000 луѓе, а резултатите покажале дека жените се под поголем ризик од мажите.
Научниците забележале дека при наглото издишување, жените имале поголем проблем од мажите, доколку редовно чистеле.
Еден од авторите на истражувањето, Остин Свејнс рекол дека хемикалиите од производите за чистење се толку агресивини што создаваат долготрајни „лузни“ на белите дробови и белодробните канали.
Затоа експертите предлагаат да не се користат такви производи, туку природни и едноставни како вода и сапун.